По повод Светскиот ден на првата помош, а под мотото Прва помош за сите, во организација на општинскиот Црвен крст утре, од 18:00 – 20:00 часот, на градскиот плоштад, ќе се оддржат низа активности (демонстрации на техники за укажување на прва помош во различни ситуации, презентација на потребна опрема и средства за укажување прва помош, сведоштва на оние кои спасиле човечки живот укажувајќи прва помош и др.) со кои ќе се потенцира на волонтерскиот дух и солидарноста, на принципите на кои се заснива укажувањето на првата помош-хуманост, непристрасност и доброволност.

За посетителите на оваа манифестација овозможено  е учество во активностите преку учење на некои од техниките на укажување прва помош, квиз на знаењата за прва помош и др., а на располагање ќе бидат и два лекарски тима кои ќе вршат основни лекарски прегледи.
 
Истовремено, на Градскиот плоштад тимот на Суперкиди Охрид ќе врши презентација на програмата за учење и развој на животни вештини, која во текот на месец септември ќе започне со реализација во Центарот за развивање на вештини Суперкиди, во Црвен крст Охрид.

OhridNews