Со утрешниот настап на градскиот плоштад, охридскиот рок-состав „The Backdoor Band“ ја заокружува успешната и плодна 2013 година.

Предновогодишна забава започнува од 14 часот, а присутните ќе имаат можност да се уверат во квалитетите кои ги поседува овој охридски рок квартет.

Оваа година, „The Backdoor Band“ снимија три видео-записи за авторските песни “На задна врата” “Truck & Roll” и „Лоша Навика“, а низ земјава и соседна Србија успеаа да реализираат 100-тина настапи.

Како што информираат членовите на овој охридски рок состав, за 2014 е планирано издавање на нивниот деби-албум, кој се очекува да излезе на крајот од оваа пролет.

Бендот е формиран пред 3 години, а во истиот членуваат:Жарко Јакимоски – вокал, Лазе Фармакоски – гитара, Александар Марковиќ – бас гитара, Никола Колјушевски – тапани.

OhridNews