На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата, информираат од АМСМ, со напомена дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Според последните информации, сообраќајот на патиштата низ државата се одвива непречено.На патниот правец Гостивар – Охрид од 1 јули 2013 има ограничен
режим на движење за тешки товарни возила над 7,5 тони. Ограничувањето на
движењето е во следните периоди: петок од 15:00 – 24:00 часот, сабота и
недела 07:00 – 24:00 часот.

Овој режим на движење ќе важи до 1
септември 2013 година.

OhridNews