Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничниот премин Табановце има зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата, е од 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.