На имот лоциран во мал град во западна Австралија, на околу 280 километри оддалеченост од Перт, биле пронајдени седум безживотни тела, од кои четири на деца и три на возрасни лица, објави Би-би-си. Телата биле пронајдени во руралната област на градот Осмингтон. Полицијата не дала повеќе детали во врска со овој трагичен настан, освен дека на самото место било пронајдено оружје. „На телата има рани од куршуми, тоа е се што можам да откријам засега“, изјавил локален полициски претставник.

Телата на две возрасни лица биле пронајдени надвор од куќата на имотот, а петте останати тела биле внатре. Се претпоставува дека убиените живееле на имотот на кој се пронајдени и дека биле во семејни врски, но конечниот исход ќе го облодени истрагата што ја спроведува полицијата, од каде истакнале дека се шокирани од она што го затекнале на самото место.

Доколку се потврди дека станува збор за масовно убиство, тоа ќе биде втор по големина ваков случај во Австралија, по масакрот во Тасманија, кога во 1996 година загинаа 35 лица.

OhridNews

Макфакс