Тоа значи дека до крајот на 2010 година, Интернет ќе користи една третина од вкуното население на планетата.
Растечкиот Интернетот по влијание ја надмина и телевизијата, покажаа неодамнешните стражувања накомпанија „ТНС Софт“извршени во 46 земји. Според истражувањето „Дигитален живот“, дури 61 отсто од испитаниците изјавиле дека секојдневно се приклучуваат на Интернет, 54 отсто гледаат телевизија, 36 отсто слушаат радио, а 32 отсто читаат весници, пренесува францускиот неделник „Нувел обсерватер“.
Во Македонија интернет користи повеќе од половина население.
Интернетот го зазема водечкото место и во информирањето во Охрид. Дневно најпосетуваниот интернет портал во градот „ohridnews.com“ има по 11.000 уникатни посети и преку 30.000 прочитани содржини. Информациите кои ги пренесува „OhridNews“ ги користат и повеќе агенции, пишани и електронски медиуми, а нашиот интернет портал исто така е водечки по бројот вестите кои ги продуцира.