„Учеството на Глобалниот инвестициски самит за Македонија организиран од Македонија 2025 е одлична можност да се сумираат сите досегашни успеси, како и да се искористи претприемачкиот дух на македонската дијаспора кој го видов и искусив дома во Торонто и Виндзор, но и преку проектите овде во Скопје и пошироко“.
Ова го изјави Амбасадорот на Канада за Македонија, Роман Вашчук, претставник на една од најголемите и најактивните македонски заедници во светот, во пресрет на одржувањето на Глобалниот инвестициски самит за Македонија од 18 до 21 октомври во Охрид.
На самитот се поканети да говорат странски инвеститори во земјава кои ќе го споделат своето досегашно искуство и бизнис резултати.
„Успешно реализираните инвестиции и позитивното искуство на странските компании кои веќе инвестирале во Македонија, а особено случаите кога истите компании реинвестираат во земјава се најдобар показател за поволноста на бизнис климата, условите за работа и потенцијалите во Македонија.“ – истакна Виктор Мизо, директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони
Според него, Инвестицискиот самит во Охрид ќе биде одлична можност за презентација на овие позитивни искуства на странските инвеститори и воопшто, на можностите за создавање профит во Македонија пред претставниците на македонската дијаспора.
„Во дијаспората имаме голем број успешни Македонци кои високо котираат во глобалната бизнис заедница и евентуалната идна соработка со нив за нас ќе претставува особена чест и задоволство“, дополнува тој.
Еден од панелистите на Глобалниот Инвестициски Самит, во улога на претставник на странските инв своите искуства во водењето бизнис во Македонија.“Досегашното искуство на Џонсон Мети од Македонија е позитивно, но секако дека постојат области каде би можело да има подобрувања.
„Многу сме задоволни од локалната работна сила, која иако со мало искуство, брзо се прилагоди на нашите потреби и покажа континуирана посветеност и ангажираност во работата.“- вели Такрар.
Покрај Џонсон Мети, на Самитот ќе учествуваат врвни менаџери на други странски инвеститори како Џонсон Контролс, Кемет Електроникс, Триглав Осигурување, Ван Хол, како и претставници на потенцијални инвестотори и експерти.
извор:„Макфакс“