Општинската изборна комисија – Охрид воочила неправилност на избирачкото место 1299 во с. Лескоец.

– На ова избирачко место фали едно гласачко ливче. Откриено е на тој начин што редниот број на кочанот прескокнува за еден. – изјави претседателот на ОИК Охрид Димитрија Вревезоски. Toj појасни дека дополнително ќе се утврдува како настанал овој проблем и што ќе биде преземено.

Гласањето на останатите избирачки места во Охрид се одвива без проблеми, истакна Вревезоски.

До 12.30 часот во Охрид на гласање излегле 18.285 гласачи од вкупно запишани 51.848 во избирачкиот список или 35 %. Oдносно од основниот избирачки список на граѓани кои се наоѓаат во Охрид и кој е заклучен на бројка од 42.958, излезноста е 42.6 %.

OhridNews