Зоран Заев на претстојните предвремени парламентарни избори на 12 април, ќе ја предводи изборната листа на СДСМ и коалицијата во 4-та изборна единица, откри лидерот на владејачката партија на дуелот со опозцискиот лидер Христијан Мицкоски, што се одржа синоќа на телевизијата Канал 5.

Заев го повика Мицкоски да се соочат во родниот крај, тој пак, најави дека одлуката каде ќе трча на изборите ќе ја донесат партиските органи.

Според Заев постигнувањето на коалиција со БЕСА, е историски чин, истакнувајќи дека СДСМ за прв пат ќе предводи мултиетничка коалиција, додека, пак, Мицкоски, најави дела ВМРО ДПМНЕ на изборите ќе настапи како македонска политичка партија.

Засега можноста за широка коалиција во која би биле и СДСМ и ВМРО ДПМНЕ не е опција за лидерите на најголемите политички партии на политичката сцена, кои посочија дека постизборните коалиции ќе зависат од исходот на предвремените избори.

OhridNews