
Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина ќе биде изложен во соба бр. 56 Сектор за урбанизам и заштита на животната средина, во Општина Охрид секој работен ден од 8 – 16 часот до 14.06.2012год.
Јавната расправа ќе се одржи на ден 28.05.2012г. во малата сала на Општина Охрид, со почеток во 12 часот.
Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до Општина Охрид во законскиот рок од 30 дена од денот на објавување на информацијата, соопшти Локалната самоуправа.












