Аргентинскиот ас Лионел Меси на мечот од Примера дивизион против Атлетик Билбао ќе настапи 350 пат во дресот на Барселона.

Меси во 349 натпревари за “блауграната“ има постигнато неверојатни 278 погодоци. На “чудото од дете“ му се потребни уште четири голови да го надмине Германецот Герд Милер за голови постигнати во календарска година.

Приказната за Меси во дресот на Барселона започна во 2004 година кога дебитираше против Еспањол. После осум години Аргентинецот прерасна во фудбалер, кој остави неизбришливи траги во Барселона.

Мх.П.