4.480 кг дестилирана масна киселина се откриени на граничниот премин Ќафасан, при контрола на празна цистерна со српски регистарски таблички, управувана од српски државјанин, што била пријавена за влез во државата.

При мерење на возилото на царинска вага утврдено е дека има разлика меѓу измерената тежина на возилото и тежината на празно возило наведена во сообраќајната дозвола, поради што е извршен и физички преглед. При прегледот утврдено  е дека една од коморите е полна со течност, а после извршениот истовар констатирано е дека се работи за 4.480 кг дестилирана масна киселина.

OhridNews