Како што информираат од Царинската управа, од страна на нивните службеници од граничниот премин Ќафасан на 22-ри март, биле откриени три товарни моторни возила, сите со албански регистарски ознаки, за кои постоело сомневање дека користат црвена нафта како погонско гориво.


Од сите три возила биле земени мостри од горивото што го користеле и истите испратени на анализа во царинската лабораторија, каде било утврдено дека се работи за екстра лесно гориво обележано со црвена боја, кое не смее да се користи како погонско гориво во моторните возила.

За сторените акцизни прекршоци, против возачите, сите тројца албански  државјани, поведени се прекршочни постапки, при што се донесени решенија за конечно одземање на возилата, изречени се глоби во висина од 500 евра за прекршителите и донесени се решенија за дополнителна наплата на акцизен долг.

OhridNews