29,7 килограми бижутерија (прстени, обетки, алки и др.) и 332 шишенца лак за нокти, се откриени од страна на царинските службеници при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Ќафасан.
На прашање на царинскиот службеник, патникот пријавил дека носи една кеса со бижутерија, но при контрола на возилото, пронајдени се девет кеси со бижутерија и една кеса со лакови за нокти, сокриени зад совозачкото седиште, зад резервната гума и под тапацирот на багажникот на возилото.
Непријавените производи се привремено задржани, а против возачот е поведена соодветна постапка.
OhridNews