Царинските службеници награничниот премин Ќафасан деновиве открија обид за внесување на над 18.000тоалетн и води и сетови од парфеми, дезодоранси и тоалетни води  за кои постои основано сомнение дека се фалсификати на заштитени трговски марки.
 
Имено, во средата за влез во државата на граничниот премин Ќафасан се пријавило товарно моторно возило со албански регистарски ознаки, натоварено со разни козметички производи и играчки, со потекло од Република Кина, наменети за фирма увозник од Скопје.

     

Возилото било селектирано за детален преглед, кој поради карактерот на стоката бил вршен и следниот ден, 10-ти ноември, при што царинските службеници откриле 176 картони со вкупно 18.096 тоалетни води и разни сетови, со лого на трговските марки Channel, Armani,  Kenzo, Lacosta, Amore Amore, Dolce and Gabbana, Bureberry, Joop, Dior, Boss, Angel and demon, Brut, Azaro, I.S.Loren, Caroline Herera, Bondage, Charlie, X5-Paco Rabanne, Malizia, 1 milion Paco Rabanne, Cool.

Стоката е привремено задржана, и согласно Законот за заштита на права од интелектуална сопственост, Царинската управа најави дека ќе поведе постапка за утврдување на оригиналноста на стоката.

OhridNews