На царинската испостава Ќафасан на влез во Република Македонија привремено се задржани 40 парчиња тоалетна вода (марка „Kristijan Audigier“) и 24 парчиња крема за лице (марка „Clinique“), пронајдени во кабината и во просторот за сместување на палети на товарно моторно возило со македонски регистарски ознаки, управувано од лице со иницијали И.С., македонски државјанин од Скопје, соопшти Царинската управа.

Согласно одредбите од Законот за заштита на интелектуална сопственост, Царинската Управа на Република Македонија најави декаќе започне постапка за утврдување на оригиналност за задржаната стока.

Од Царинската управа информираат и дека на оваа испостава на излез од Република Македонија привремено е задржано и 1 товарно моторно возило-комбе, марка МЕРЦЕДЕС – БЕНЗ, со германски регистарски ознаки. При контрола на документите и потврдата за влез на празно возило, приложени од страна на возачот, лице со иницијали Г.Д., македонски државјанин, привремено вработен во Германија, било констатирано дека возилото е внесено на 30.05.2008 година и на територијата на Република Македонија се задржало подолго од законски дозволениот рок за задржување на празно возило.

Ohridnews