Албански државјанин неуспешно се обидел да прошверцура 54 килограми марихуана на граничнииот премин Ќафасан на излез од Република Албанија кон Македонија.
Дрогата била пронајдена во товарно возило, откако при проверка скенерот открил седумдесет сомнителни кесички.
Албанските медиуми пренесуваат дека дрогата се обидел да ја прошверцува 54 годишниот Гентиан Ќари од Тирана кој е приведен.
OhridNews