Вкупно 203 различни козметички производи и средства за лична хигиена, жилети, електричен депилатор, средства за миење садови и освежувачи за простории, открилe царинските службеници на граничниот премин Ќафасан.

Според информациите од Царинската управа на Република Македонија, производите биле откриени при контрола на празно товарно моторно возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин пријавено за влез во државата.

Непријавените производи се пронајдени на креветот, под седиштето и во фабричките прегради во кабината, како и во просторот за палети на возилото.

OhridNews