Некогашниот стабилен прволигаш сега член во секунда дивизион Расинг Сантандер го допре дното откако фудбалерите поради бојкот на управата не го одиграа мечот со Реал Сосиедад во Купот на Шпанија.
Бојкотот на фудбалерите дојде откако нив не им биле исплатени неколку плати, а мечот со Сосиедад во Купот за нив била одлична можност за привлекување на внимание.
Натпреварот не се одиграл бидејќи фудбалерите на Расинг стоеле на центар гушнати и не сакале да го одиграат мечот во „копа дел реј“.
Мх.П.