Ситуацијата попладнево на Кале е мирна, по неформалните најави за нови собири на скопската тврдина, поврзани со изградбата на црквата-музеј.

Сите приоди до тврдината се блокирани, а полицијата го контролира пристапот. Единствено на Калето се присутни бројните полициски сили и по некој случаен минувач. Од МВР велат дека засега нема пријавено никаков инцидент. Полициски сили се забележливи и на повеќе локации низ Скопје.

По неформалните најави за нови собири, вчера од полицијата најавија безмилосна и остра реакција доколку повторно дојде до нарушување на јавниот ред и мир.

OhridNews
извор: Makfaks