Владата на најбогатиот бизнисмен во светот, Мексиканецот Карлос Слим, му ги претстави проектите кои што им се нудат на потенцијалните инвеститори во Македонија.

По работната средба со владиниот тим, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, информираше дека на мултимилјардерот Слим му биле претставен проекти од енергетиката, од областа на недвижностите, проектот Сончев град, како и можноста за инвестирање во туристичките развојни зони во Охрид, Преспа и Дојран.

Наводно Карлос Слим искажал интерес за неколку проекти од областа на рударството и енергетиката, како и за приватизацијата на државни компании.

OhridNews