Центар за култура „Григор Прличев“
Од 14.10.2023 - 20:00 до 14.10.2023 - 22:00
На кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев”-Охрид премиерно ќе се прикажува филмот „М“ на Вардан Тозија во сабота 14.10.2023 година со почеток во 20.00 часот, цена на карта 150 денари.

Улогите ги толкуваат Матеј Сиваков, Сашко Коцев, Александар Ничовски, Тони Михајловски, Камка Тоциновска и Бојана Грегориќ-Вејзовиќ.
Сценариото е на Вардан Тозија и Даријан Пејовски, кинематографер е Влатко Самоиловски, сценографијата е на Кирил Спасески-Кикич, а костимите се на Андреа Кустовиќ и Николина Костаншек. Маскер е Горан Игњатовски.
OhridNews











