Македонскиот селектор на клупата од Вардар, Раул Гонзалес со златни букви го испиша своето име во „црвено црната“ историја, откако со клубот ја покори ракометна Европа.

На официјалната пресконференција после натпреварот Шпанецот остана смирен и сталожен, а победата ја посвети на својот учител, односно Хота Гонзалес и навивачите.

– Титулата ја посветувам на мојот ментор Хота Гонзалес на кој му имам дадено збор дека ќе ја покорам Европа. Исто така и на навивачите кои четири сезони не бодрат било каде и против било кој да играме. На дуелот со ПСЖ покажавме дека победува екипата, а не имињата на дресовите. Затоа сум горд на играчите. – изјави Раул Гонзалес.

„Црвено црните“ за титулата во ЛШ од ЕХФ ќе добијат премија од половина милион евра, а во Скопје ќе бидат херојски пречекани.

OhridNews