Денес ќе преовладува облачно време на места со повремен слаб снег и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од -13 до -5, а дневната од -10 до -3 степени.
Во четврток ќе преовладува променливо облачно и претежно суво време со утринска температура од -19 до -8 степени, а дневната насекаде ќе биде под нула.
Од петок до понеделник ќе има нови врнежи од снег со променлив интензитет, најпрво во западните делови, а за време на викендот и во целата држава.