Традиционално на полноќ по објавувањето на радосната вест за Воскресението Христово, верниците го практикуваат обичајот на кршење со црвени јајца, со што се означува крајот на велигденскиот пост. Црвените јајца го симболизираат животот, но и крвта христова, која е пролеана на крстот за спасение на човештвото. На првиот ден од Велигден се посетуваат храмовите, а верниците се поздравуваат со велигденскиот поздрав Христос Воскресе! – Навистина Воскресе! На овој ден се собираат семејствата на велигденска трпеза, а најмногу на кршењето јајца се радуваат најмладите.
За многу години. Христос Воскресе! – Вистина Воскресе!
фото: Емилио














