Здружението на прволигаши во Шпанија најави штрајк на наредното коло ако не се договорат околу финансискиот дел од телевизиските права.


Здружението и владата на Шпанија “запнале“ на тоа еден натпревар во колото да се емитува слободно односно да не се наплаќа. Прволигашите бурно реагирале дека така губат многу пари и дека тоа не им оди во прилог.


Во 30-то коло во Ла Лига кое се игра на 3 април, Барселона гостува кај Виљареал, а Реал Мадрид на домашен терен го пречекува Спортинг.

ohridnews