На локалитетот Бејбунар ќе никнуваат колективни згради??
24.10.08 14:50
Археолошкиот локалитет Бејбунар кој се наоѓа на планскиот опфат од предлог Деталниот урбанистички план за урбаната единица 8, урбан блок 8,3 се става под привремена заштита во траење од две години. Вакво решение на 14 октомври годинава донесе Управата за заштита на културното наследство кое го достави до Министерството за транспорт и врски, кое пак, деновиве го проследи до охридскиот градоначалник Александар Петрески, општинскиот совет и секторот за урбанизам.
Иако со решението се бара, општинскиот совет да го одложи донесувањето и спроведувањето на предлог Деталниот урбанистички план за 8 урбана единица, сепак, Советот на Општина Охрид денеска на 58-та седница ја усвои оваа предлог-одлука.
Против неа е советникот Ванчо Огненов кој денеска и го лиферува решението до медиумите и колегите-советници. Ако се донесе Деталниот урбанистички план за оваа урбана единица, тоа може да предизвика големи последици, пред се, правни, но и материјални со поништување на Уставниот суд, изјави Огненов. Сеедно, е вели Огннов, што вакви сознанија добиваме пред постапката за негово донесување, но сепак сметам дека е одговорно да почекаме со донесувањето на ДУП-от.
-Оваа одлука ја работиме една година, потрошивме огромни средства. За неа знае и премиерот и министрите и Управата за заштита на културното наследство на чело со Пако Кузман, вели градоначалникот Александар Петрески. Тој додава дека планот бил ставен на јавен увид, и доколку овие институции имале забелешки требало да ги истакнат.
Петрески кажува дека за ДУП-от се исполнети сите законски норми. Тој смета дека се работи за политичка опструкција од страна на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, зашто како што вели, од овој план Општина Охрид ќе добие околу 8 милиони евра од комуналии со кои, според него, ќе се вратат долгови на општината и ќе се покријат тековните активности.
– Имам морална одговорност пред граѓаните да поднесам кривична пријава против сите инволвирани во оваа политичка хајка, рече Петрески и потенцира дека Општината има право на жалба во рок од 15 дена.
Како што iе познато на јавноста, се работи за површина од 12, 36 хектари на потегот од ресторанот Кај Нацко до трафостаницата Бејбубар. Тука е предвидено да се градат индивидуални станбени згради пониски од оние кои се веќе изградени пред нив.
Во Решението за привремена заштита е истакнат фактот дека се работи за археолошки локалитет со исклучителна автентична вредност што претставува сведоштво кое има релевантно значење од гледна точка на историјата И културата, а особено од големо значење за македонската И европската наука.
Со свечена академија и пригодна културна програма денеска во Охрид беше одбележан јубилејот-150 години од раѓањето на охридскиот револуционер Методи Патче На настанот кој се одржа во спомен куќата ...
Над 400 матуранти од сите средни училишта во Охрид утре ќе бидат дел од матурската парада на градскиот плоштад со почеток во 12 часот И годинава за подготовка на матурантите беше задолжена проф м-р...
Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Охрид одговорно тврдам дека е една од најекспедитивните во нашата држава Овие храбри момци деноноќно не штитат нас граѓаните, ги штитат нашите домови и ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.