Туристи и авантуристи од странство, во најголем дел од Холандија, вчера на граничниот премин Ќафасан пристигнаа од Албанија во Македонија каде  пеш ќе го продолжат патувањето по главниот пат на моќната Римска империја, Виа Игнација.


Патувањето го организира фондацијата „Виа Игнација“ која е формирана во 2007 година со цел да го оживее древниот пат. За таа цел фондацијата организираше тура со магариња по Виа Игнација од Албанија до Турција која во добар дел ќе минува по оригиналната староримска патека по која некогаш се одвивала главната комуникација и трговијата во големата империја. Првиот дел од турата, долг 800 километри, започна на 1 мај од албанскиот град Пекин, а ќе заврши во Лерин.


На авантуристите на Ќафасан им се придружи и холандската амбасадорка Симоне Филипини. Карванот патува пеш и со магариња, како што тоа некогаш го правеле древните цивилизации. Патувањето ќе продолжи кон Грција, која е крајна цел, а догодина се најавува нова етапа до Константинопол – Истанбул, кој некогаш бил седиште на источното римско царство.

Ohridnews
фото:Васко Бујароски