Бројот на деца кои пушат на возраст од 13 до 15 години  од 23,6 отсто во 2002 година е зголемен на 26 отсто во 2008 година покажале резултатите од испитувањата за употреба на тутунот кај младите направени во 2008 година, а кои Министерството за здравство ги презентираше сега во 2010 година.

Според истите над 65 отсто од децата можат слободно да купат цигари во продажните места, а забелешки има и на почитувањето на Законот за заштита од пушењето. Алармантно е и тоа што дури 67,5 отсто од учениците се изложени на пасивно пушење во домашни услови, што е далеку над светскиот просек кој изнесува 43,9 отсто.

OhridNews