Сезонава екипата на Бенфика е најголем “малер“ во фудбалскиот свет. “Орлите“ во игра беа за три трофеи, а од нив не успеаја да освојот ниту еден.


Порто и Челси со погодок во судиското продолежение им ги “украдоа“ трофеите во првенството односно Лигата на Европа.

Фудбалерите на Бенфика сезоната за заборав ја заокружија со пораз во финалето од Купот од Виторија Гимараеш 2-1.

По завршување на мечот Оскар Кардозо го нападна тренерот Жорж Жезус, а брзата интервенција на фудбалерите спречи поголем инцидент.

Мх.П.