Денеска на малиот плоштад во Охрид кај поранешната градска библиотека ќе се одржи повеќечасовна забава по повод роденденот на Европската Унија.
Учениците од општинските училишта преку во вокално-инструментални настапи, претставување на ликовни творби и други активности, ќе ги презентираат културите на дел од земјите членки на Унијата.
На настанот кој е со почеток од 12 часот, активно се приклучуваат Црвениот крст Охрид и НВО „Опција“, а на истиот ќе присустувува раководителот на Одделот за политички прашања на ЕУ, Роберт Лидл.
OhridNews