На денешен ден, пред 64 години, Роберт Шуман  ја презентираше декларацијата, која се смета за темел на денешната Европска унија . На почетокот, во заедницницата беа  Белгија, Франција, Германија, Италија, Луксембург и Холандија, за да сега, по бројни  процеси на трансформирање и проширување во Европската унија членуваат 27 земји.Древниот Охрид е вистинското место од каде можеме  уште еднаш  да ги упатиме пораките за  чување на  цивилизациските вредности како темел за развој на современите демократските процеси, рече на денешната прослава на Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот заменик градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев.  

Јанев додаде дека симбиозата на овие два исклучително важни датуми, со времена дистанца од само 5 години ја изразуваат смислата на постоењето на денешна Европа,како современо јаве на еден дамнешен сон.

На прославата која се организира на малиот плоштад се обрати и шефот  на политичкиот оддел на Мисијата на ЕУ во Скопје, Роберт Лидл кој истакна дека Европа не значи само тешка работа.

За мене е многу важно да видам насмеани лица и луѓе кои се забавуваат. Видовме и некои тешки работи во поширока Европа, но мислам дека Европската унија денеска е поегзистенцијална отколку пред 60 години. Европа  е премногу разединета, премногу различна, но во исто време и премногу обединета. Да работиме на изградбата на Европа заедно со вас како дел од неа, порача Лидл.

Дел од манифестацијата за одбележување на Денот на Европа беа учениците од сите основни училишта во Охрид, невладината „Опција“, општинскиот Црвен крст , како и ансамблот „Билјана Јуниор“.  

Т.К.