Антон Герашенко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, на социјалните мрежи објави снимка од спасувачката акција на цивилите од трговскиот центар во Кременчук, што денеска беше ракетиран од руските сили, при што загинаа најмалку 10 луѓе, а 40 се повредени.
Нашите спасувачки служби моментално работат на расчистување на остатоците од трговскиот центар што Русите денеска го нападнаа со крстосувачки ракети. Погледнете што остана од него, истакнува Герашенко во видеото.

OhridNews











