Украинската разузнавачка служба соопшти дека загинале седум цивили, од кои едно дете откако руските сили пукале врз евакуациски конвој во регионот на Киев.

Сè уште е непознат бројот на повредени.

Конвојот од жени и деца од селото Перемоха се движел селото Гостролуча по договорениот хуманитарен коридор и специјалната „зелена“ рута кога руските сили почнале да пукаат.

По нападот, окупаторите го принудија луѓето да се вратат во Перемок и да не ги пуштаат од селото, се наведува во соопштението на украинската разузнавачка служба.

Макрон го повика Путин да ја прекине опсадата на Мариупол

Елисејската палата, денешниот телефонски разговор на Емануел Макрон и Олаф Шолц со Владимир Путин, го квалификуваат како „многу искрен и тежок“ разговор, јави дописникот на МИА.

Францускиот претседател и германскиот канцелар, час и половина бараа „крај на опсадата на Мариупол, каде ситуацијата е човечки неодржлива, посочува француското претседателство.

Во соопштението се наведува дека на крајот од разговорот „Владимир Путин не покажа волја да ја запре војната“, и оти Франција не забележала знак на смирување од страна на Путин. – –

Како резултат на тоа, ние ќе преземеме нови санкции во наредните часови против Русија, се посочува во соопштението од Елисејска палата.

Исто така се истакнува дека обвинувањата на Путин за „флагрантно кршење“ на хуманитарното право од страна на украинските сили се „лаги“.

OhridNews