Денешниот ден, 3 декември, се одбележува како Меѓународен ден на лица со попреченост. Здружението Мобилност, потпомогнато од Организацијата на ветраните од одбраната и заштитата за општините Охрид и Дебрца, претпладнево, во нивното седиште – бараката и дворот кај каналот Студенчишта, организираа средба, другарување и спортување.

-Ние како организација, ја презедовме обврскат да го исчистиме дворот, за што минатата сабота организиравме работна акција. Денеска, организираме спортски игри, за што обезбедивме реквизити да се натпреваруваат во шах, пикадо, стреличарство, табла и пинг – понг, вели претседателот на организацијата, полковник Добре Вељаноски.

 

На одбележувањето на Меѓународниот ден на лица со попреченост се придружи и градоначалникот на општина Охрид Константин Георгиевски.Радува фактот што од година во година расте свесноста кај сите нас дека Лицата со инвалидност не се „затворен круг “ или „ Свој Свет “туку дека тие се дел од нас . Тогаш кога ние стануваме креатори на промени за достоинствен живот на лица со инвалидитет помагаме во создавањето на зрело општество во кое се почитува достоинството на сите граѓани подеднакво, рече Георгиески.

-Лицата со инвалидитет се најголемото малцинство во Светот, а тоа значи дека ние како општество не само што треба да ги поддржиме туку треба да обезбедиме услови за нивно нормално функционирање и остварување на нивните права. Периодов во тек се два крупни проекти на општина Охрид од областа на инфраструктурата во кои е земена во предвид неопходноста од надминување на физичките бариери за лицата со инвалидност. Станува збор за реконструкција на Големата општинска сала која ќе биде лесно пристапна и достапна за лицата со телесен инвалидитет. Многу наскоро на стадионот “Билјанини извори“ ќе започне изградбата на Современа трибина, а еден нејзин дел ќе биде наменет за лица со инвалидитет. – најави Георгиески.

ДА ЈА ПОПОМОГНЕМЕ РАДОСТА НА ИСКРЕНИТЕ ДЕТСКИ СРЦА
ЗДРУЖЕНИЕ : „ТАЈНИТЕ НА МОЕТО СРЦЕ”

Родителите на деца со посебни потреби, комбинирани пречки и инвалидитет (лица со попреченост), какви во Охрид ги има повеќе, од неодамна формираа посебно Здружене, со инспиративно име: „Тајните на моето срце”. Тие сметаат дека, на овој начин, полесно ќе ги заштитат и ќе ги реализираат потребите на овие деца, како: едукација, опрема, креативни работилници, организирање настани и слично.

Здружението веќе се обрати со писмено барање за поддршка до Црвениот крст во Охрид, каде целосно им излегуваат во пресрет, како и во локалната самоуправа, од каде, најверојано, ќе добијат просторија за делување. Тие бараат секаква помош, материјална и нематеријална, за, како што пишуваат: “И нивните деца радосно да ја дочекаат и прослават Нова Година, во атмосфера со Дедо Мраз, и тие да имаат елка, пакетчиња и тие да ја почувствуваат радоста на нивните искрени детски срца”.

“Бидете и вие дел од нивната радост”, пишуваат тие и укажуваат дека во нашата држава свеста на јавноста за посебните потреби е се’ уште слаба, што резултира со помало прифаќање и можности на општеството за лицата со посебни потреби. Особено што расте бројот на децата со посебни потреби: аутизам, даунов синдром и други специфични потреби.

Само на таков начин, овие деца, полесно, ќе се интегрираат, нема да се чувствуваат бескорисни, ќе бидат дел од нормалниот живот со сите негови аспекти: здравје, образование, култура и јавен живот. Како што е редот и согласо позитивните законски прописи, Здружението подготви програма, во која, еден од основните постулати e на децата да им се обезбедат различни основни животни вештини за образование и учење во посебна околина која се поврзува со семејната ситуација.

Исто така, тие се надеваат дека на овој начин, ќе се подигне јавната свест во однос на прашањето со децата со посебни потреби, а со тоа ќе се подобри и квалитетот на животот за овие деца, тие ќе добијат пофер позиција во општеството, со чувство на еднаквост, ослободена од било каква дискриминиација.

Читајќи ја нивната програма, го забележавме и ова: “Здружението е подготвено да вклучи во своите секојдневни активности и стручни лица, како дефектолози, логопеди, психолози, физиотерапевти и други заинтересирани лица – волонтери”.

ВЕШТИНИТЕ НА ВОЛОНТЕР ОД ЊУЈОРК, СО ДЕЦЕНИСКО ИСКУСТВО, НЕИСКОРИСТЕНИ! ЗОШТО?

Случајно или не, на авторот, паралелно со информациите за новото здружение, кои сака да ги сподели со пошироката јавност, со цел таа да се сензибилизира со маките на овие деца, како и на нивните родители, му дојде и една животна приказна на лице кое има стекнато огромно искуство во светот, но овде не може да го примени! Исто и како Здружението, до Црвениот крст, и ова лице поднело програма. Извесен период работело во ЦОУ “Свети Климент Охридски”, но, соработката прекинала, наводно, поради немање просторни услови.

Во прашање е недоразбирање, или нешто друго?

Дина Векслер, е родена во Ташкент, Узбекистан. Знае за голготата на децата етнички Македонци, од Егејска Македонија, се образовала во времето на Советскиот сојуз, но, немала прилика да се дружи со Македонци во Ташкент. Сепак, сега се нашла во Македонија, се заљубила во Охрид, ги сака атмосферата и бојата на овдешниот живот, иако во САД има потомство – ќерка и внуци во Ехстон, Пенсилванија.

И како што животот ги пишува најинтересните приказни, Дина, покрај грижата за децата со посебни потреби во Њујорк, си имала и своја мака, со коските во долните екстремитети. Едната нога – скоро неподвижна. Нејзин пријател од Албанија и посоветувал да отпатува малку подалеку, се до Дебар и Косоврасти. Дина го послушала, допатувала и како што ни тврди, само за едно деноноќие, болката и неподвижноста исчезнале – како со рака однесени!

Му се заблагодарила на пријателот Албанец, кој, пак, ја посоветувал да остане подолго во Струга. Нели – како Струга нема друга!? Сепак, Дина ја прескокнала Струга и во Охрид го нашла своето животно уточиште, каде се вгнездила во сопствен стан. Сега се движи слободно, најповеќе сака да се искачува по стрмните охридски улички, кон калето и Плаошник.

ВО АМЕРИКА ЗДРАВСТВОТО Е БИЗНИС, СЕ ПЛАШАМ ДЕКА И МАКЕДОНИЈА Е ТРГНАТА ПО ТОЈ ПАТ!?

Советскиот сојуз беше затворена земја, се до Перестројката на Горбачов. До тоа време Дина, во Ташкент, дипломира на факултет за инжињерство и економија. И се посветува на науката, пишува за тамошниот научен магазин „Брошура”. Истовремено се занимава и со фотографија, еден вид наша колешка – фоторепортер.

По отворањето на земјата, заминува за Вилнус, Литванија, не знаејќи дека, земјата во која има бројна руска популација и каде рускиот јазик беше официјален, сега не сака да слуша и говори по руски! Тоа е времето на ширењето на НАТО кон Балтикот.

Од Вилнус патот ја води директно во Њујорк, каде четврт век работи со деца со посебни потреби, во компанијата “Women,s League”, специјализирана организација со вековно искуство.

Во Њујорк оставила мало дете со аутизам, чувствувала грижа па отпатувала назад. Таму повторно се судрила со стариот проблем – организацијата не се откажувала и натаму од прекумерната употреба на лекарства што довело до нејзиниоот дефинитивен заклучок дека таму здравството е бизнис и дека нејзе местото и е во Охрид.
Тука била ангажирана два месеци со тројца родители и уште толку нивни деца. Сега не волонтира, а би сакала.

Се шегува дека Македонија не ја сака вљубеничката во Охрид! Од она што го открива, проблемот е – ако и воопшто постои проблем – во сфаќањето на методите за работа. Имено, Дина смета дека на децата треба да им се помага на тој начин што нема да бидат толку врзани со мама, да бидат понезависни и посамстојни во третманите. И она од што заминала од Америка – медицината да постанува бизнис и кариера, а не хуманост и волонтерство.

Веле Митаноски

Во продолжение, неколку прилози, за тие што сакаат попродлабочено да навлезат во проблемот, личен, или колкективен стручен ракопис на Дина Веслер:

Website: http://thematicphotobooks.com/

Студии:
1) https://files.eric.ed.gov/fulltext/EJ967733.pdf
2) https://interactive-plus.ru/ru/article/118172/discussion_platform

3) Применение техники «Тематические фотокнижки» в работе с детьми, имеющими расстройства аутистического спектра или интеллектуальные нарушения – Аутизм и нарушения развития – 2015. Том. 13, № 4

Книга:
Книга Мост через пропасть. Создание тематических фотокнижек: творческий союз особого ребёнка и его окружения | Дана Маденич | Оглавление книги | LoveRead.ec – читать книги онлайн бесплатно.