Старата зграда на СВР Охрид во центарот на Охрид во иднина треба да се урне и на нејзино место треба да се изгдари подземна катна гаража, изјави денеска при работната посетата на Охрид, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Објектот каде што сега е лоциран СВР Охрид во иднина замислата на Владата и на Општина Охрид е да го дислоцираме, истиот да се урне и таму да направиме една убава подземна катна гаража со парк. Тоа е идеја на градоначалникот на Охрид. Наша идеја е да го искористиме објектот во поранешната касарна во Охрид доделен од Министертвото за одбрана и тука да го лоцираме СВР Охрид, истакна Тошковски.

Тој рече дека изминатиот период се работело на проектно осмислување на тој простор, додавајќи дека идниот објект на СВР Охрид во поранешната касарна ќе биде најубавиот во рамки на Министерството за внатрешни работи.

Г.М.