Во просториите на Црвен Крст Охрид, изминатиот викенд, волонтерите во соработка со Здружението на родители на деца со посебни потреби „Тајните на моето срце“ оддржаа новогодишна работилница за изработка на честитки.

  • Дечињата не изненадија со нивната креативност и уште еднаш ни докажаа дека среќата е во малите нешта. Често грижата, играта и дружењето се многу повредни од материјалното, велат организаторите.