Во рамките на 55 Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ денеска беше промовирана книгата „Горан во Драмски“ од Александра Бошковска.

Според авторот Бошковска оваа книга говори за драмите на Горан изведувани во Драмски театар Скопје, и факт е дека најмногу неговите дела се изведувани во овој театар. Дури 14.

Станува збор за книга која се занимава со сите изведби на драмите на Горан Стефановски во Драмски театар-Скопје. Познато е дека Горан е најизведуван во Драмски, се разбира, станува збор и за праизведби, Во книгата се 14 поглавја и секое се однесува на една од претставите: има кој играл во претставата, фотографии од секоја претстава, гостувања и награди кои се освоени. Има и две странични рубрики, едната го објаснува контекстот, што се случувало во светот во моментите додека Горан творел, а другата рубрика се однесува што творел Горан надвор од Драмски. Сметам дека Горан е најизведуван во Драмски зашто, веројатно се нашла една генерација актери и режисери кои во текстовите на Горан се нашле себе си и својот израз, рече Бошковска.

Оваа книга за познавачите ,за идните студенти, за творците е многу битна и е сериозен пресек на едно многу важно творештво во македонскиот театар.

Вечер на МТФ „Војдан Чернодрински се две претстави во официјалната конкуренција и ќе останат уште две кои ќе се изведат утре.

Турски театар од Скопје од 18 часот на сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе ја изведе претставата „Славната Флоренс“ во режија на Драгана Милошевска Попова, а од 21 часот во прилепскиот театар е претставата „Крик за љубов“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски, а во продукција на охридскиот театар.

OhridNews