Делата на уметникот Никола Упевче се тродимензионални, излегуваат на виделина, ве допираат, ве носат низ боите и формите, ве тераат да го почуствувате неговото расположение и неговата бесконечна желба да се изрази.

Од првиот мозаик изработен во 1996 година на Факултетот за ликовни уметности, започнува авантурата на Упевче во истражувањето на техниката за конзервирање и рестарвирање мозаици во земјава и во странство.

Уметноста е еден повик, јас сум многу благодарен што сум дел од уметничко семејство бидејќи секогаш имав простор каде да творам, јас си го најдов својот порив. Мозаиците за мене се една прекрасна игра, вели Упевче.

Упевче вели дека создавањето на мозаик е техника која бара многу пожртвуваност

Тоа е една слика која бара голема спремност, не само во подготовката на материјалот туку и во комплетирањето на целосната слика. Мозаикот прво треба да го имаме изграден во нашата глава, да ги имаме одбрано сите нијанси, да го имаме одбрано како тоа се ќе изгледа и со една голема упорност да успееме да го ставиме последното камче и да речеме „Се склопи мозаикот“, една многу захтевна техника која бара многу посветеност, вели Упевче.

Низ муабетот со Упевче во семејната галерија во која се презентирани делата на неговиот татко Славко Упевче и делата на Никола, дознаваме за неговата работа и реализацијата на бројни проекти на современи мозаици и конзерваторски и реставраторски третмани на антички мозаици во земјата и странство како и на бројни групни изложби. Галеријата „Упевче“ оваа година одбележува 30 години од отворањето.

Со Никола Упевче разговаравме за работата на локалитетот „Плаошник“ , за изработката на едно од неговите најимпресивни дела „Мапата на градот Охрид“ како и за идните желби и планови.

Целосниот разговор во продолжение:

„На муабет со “ Никола Упевче

Кристина А.