“Специјалниот“ Жозе Мурињо, никако да се помири со поразот од Баерн Минхен, и вината за несупехот ја бара насекаде освен во сопствените редови. Па така Мурињо, истакна дека последното “Ел Класико“ е виновно за елимнацијата.

Против
Барселона, го игравме најважниот меч во домашното првенство. Да не го
игравме натпреварот кој решава за титулата во домашното првенство,
сигурно дека немаше да ги испратиме најдобрите играчи на терено
т, рече
Мурињо.

Португалецот, очекувано застана во одбрана на своите играчи  „Оние кои ги промашија пеналите имаа срце да бидат изведувачи. Беа без
страв, несебични, излегоа и се обидоа. Се гордеам со нив. Меси против
Челзи шутираше пенал и промаши, тоа е фудбал и такви работи се
случуваат
“, истакна Мурињо.

Мурињо втора година по ред мора да се задоволи со полуфиналето со кралскиот тим. Тој во својата кариера два пати ја освои Лигата на шампиони, и тоа со португалскиот Порто и италијанскиот Интер.

М.П.