Новите мапи на Apple имплементирани во најновиот мобилен оперативен систем на познатата компанија се големо промашување.

Критики доаѓаат од сите страни на светот потради големиот број грешки. Во САД недостигаат важни обележја, како Статуата на слободата и Бруклинскиот мост, главниот град на Германија Берлин заврши на еден од половите, познатиот ланец за брза храна „Бургер кинг“ во црква, а од лицето на земјата целосно „исчезна Охридското Езеро, a Дојранското делумно.


Apple одлучи апликацијата Google Maps која ја користеа iPhone уредите од 2007 година, да ја замени со сопствена, што засега се покажува како големо промашување.

OhridNews
фото:it.com.mk; press24