Три дена пред дочекот на Новата 2017 година, од локалната самоуправа информираат дека и годинава, за граѓаните и туристите, ќе биде организирана новогодишна забава на градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“.

Предновогодишниот хепенинг ќе започне  на 31 декември во 12 часот со настап на ди-џеј Аце, а од 22 до 22 часот и 45 минути за забавата ќе се погрижи ди-џеј Нести. Следува настапот на популарниот Ѓоко Танески, а Новата 2017 година, присутните на забавата на отворено, ќе ја дочекаат со Елена Велевска.