
Експертите по сообраќај укажуваат дека градот мора под итно да пристапи кон изработка на Сообраќајна студија која ќе ги дефинира мерките за превенција и ќе влијае врз зголемувањето на безбедноста на учесниците во сообраќајот.

Тој укажува дека моторциклистите се категорија на учесници во сообраќајот со посебен ризик и тоа не само во градот туку и на патот кон туристичките комплекси каде често доаѓа до судири во кои неретко жртви се моторциклистите. Затоа, додава Милкоски, треба посебно внимание да се обрати на подобрување на сообраќајната инфраструктура.
-Инфраструктурата е главен фактор за безбедност. Ако имате добра инфраструктура ќе имате побезбеден сообраќај. Посебно внимание треба да се обрати на временското разграничување на сообраќајот, оттаму што во Охрид во лето нема голема разлика во интензитетот на сообраќај дење и ноќе. Затоа е неопходно да се подобри осветлувањето и сообраќајната сигнализација.-објаснува Милкоски.

Според Милкоски, Охрид мора посериозно да пристапи кон подобрување на безбедноста во сообраќајот затоа што тоа во голема мерка влијае и врз имиџот на градот како туристичка дестинација.











