Евидентна е потребата од изградба на откупно дистрибутивен центар со што ќе се подобри организираниот настап и пласман како и задржување и зголемување на квалитетот на локалните производи. Ова беше истакнато на јавната расправа за нацрт верзијата на физибилити студијата за откупно – дистрибутивниот центар во општина Охрид, што во организација на Секторот за туризам и локален економски развој, се одржа денеска. На настанот присуствуваа локални земјоделци, производители, дистрибутери како и претставници на компании од оваа област.

Изработувачот на Студијата, консултантската компанија „О3 Инвест“ ги презентираше првите наоди и анализи за оправданоста и потребата од изградба на ваков центар согласно локалното производство и потребите како за домашниот пазар така и за извоз.

Од досегашните истражувања, како и од излагањата на локалните производители, беше заеднички констатирано дека евидентна е потребата од изградба на откупно дистрибутивен центар со што ќе се подобри организираниот настап и пласман како и задржување и зголемување на квалитетот на локалните производи. На овој начин ќе се овозможи и организиран пласман на локалното производство во туристичко-угостителскиот сектор во Охрид, со што ќе се подобри и зголеми туристичката и гастрономска понуда на охридските угостители. – беше истакнато.

Планираное до крајот на 2018 година да се добие финалната верзија на студијата, а за следната година е планирано да се подготви и основен проект со што ќе се заокружи првиот чекор кон финализирање на овој важен проект за општина Охрид, информира локалната самоуправа.

OhridNews