Со чартер лет на авиокомпанијата „Флај Ники“ на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, денеска, од Виена пристигна првата група туристи од Австрија и Германија, кои ќе престојуваат во Македонија и регионот. Се работи за таканаречените кружни тури што ги организира агенцијата „Мак – Сан Травел“.
Предвидено е во претсезоната да бидат реализирани вкупно четири чартер летови до Виена во Охрид со возрасни туристи кои во рамки на аранжманот ќе престојуваат во земјава и соседството.
Според најавите, во главната сезона агенцијата „Мак – Сан Травел“ планира да реализира аранжмани за туристи кои ќе летуваат во Охрид. Тие на аеродромот “Св. Апостол Павле“ ќе пристигнуваат со редовен лет на „Аустриан Еарлајнс“.
OhridNews