Поради густата магла во скопската котлина и утрово поголемиот број  летови се пренасочуваат на охридскиот аеродром Свети Апостол Павле.

Иако утринава и во Охрид има магла, како што објаснуваат од аеродромот, видливоста е голема и операциите се изведуваат без никаков проблем.

Во текот на вчерашниот ден на охридскиот аеродром биле извршени 13 слетувања и 13 полетувања, многу повеќе споредено со вообичаениот број летови кои во зимскиот период се реализираат на охридскиот аеродром. Во текот на викендот, во зима, на охридскиот аеродром дневно има по два лета. 
   
Поради густата магла, вчера, беа откажани речиси сите полетувања и слетувања на аеродромот „Александар Велики“ . Скопскиот аеродром денеска е отворен за полетувања,
а се уште затворен за слетувања поради намалена видливост од густата
магла. Од аеродромот информираат дека нормализирање на сообраќајот во двете насоки се очекува околу 12 часот.

OhridNews