
-И покрај потребата, а тоа е и законска обврска се’ уште шест до седум плажи на охридската ривиера немаат ангажирано спасители и немаат созадено услови за безбедно капење, што е навистина несфатливо, истакна Сашо Точков од Црвениот крст Охрид.
Според Точков измената на одлуката за забрана за движење на скутери на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро, која во иднина ќе се однесува на сите скутери без оглед на моќноста на моторот, ќе придонесе за зголемување на безбедноста на капачите, но потребна е регулација и за другите пловни објекти кои се користат во рекреативни цели.
-Тука пред се мислам на педалинките кои само делумно се регулирани со обврската за носење појаси за спасување, но проблем е техничката исправност на тие пловни објекти. Ние се соочуваме ова лето со сериозни проблеми со технички неисправни педалинки кои тонат, а често со нив управуваат непливачи па имаме навистина доста интервенции од таков вид, изјави Точков.












