„Зад виножитото“ е насловот на изложбата на уметнички дела од Калина Брајковска што ќе биде отворена вечерва во рамките на фестивалот „Охридско лето“.

Се работи за слики изработени со масло на платно кои ќе бидат изложени во Големиот изложбен салон на Центарот за култура „Григор Прличев“. Изложбата ќе биде отворена во 21 часот.

КалинаvБрајковска, дипломирала на Филозофскиотvфакултет на отсек историја на уметност со археологија со висок просек. Живее и работи во Скопје, се занимава со применета уметност (дизајн) и сликарство од малавозраст. Реализирала повеќе изложби од кои позначајни се: групна изложба во галеријата на НЛБ Банка, дизајн на парчиња облека  на неделата на дизајн во Куршумли Ан – Скопје, изложба во фоајето на МКЦ Скопје, изложба на саемот за дизајн во Торино (Дизајн на парчиња облека), самостојна изложба во Галеријата на Младинскиот културен центар – Скопје, самостојна изложба во кафе – галерија Концепт 37 – Скопје.

Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“, вечерва, предвидува концерт на познатиот пијанист Роберт Биша од Албанија кој ќе настапи заедно со вокалната група „Исо-полифон хор“. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.

РобертБиша е еден од најталентираните мултиинструменталисти денес. Неговата музика е современа, со елементи на авангардниот џез.Свири на електрично пијано, правејќи ремиксови на оригинална музика, имплементирајќи ги техниките на класичната музика со современи хармонии и елементи на богатиот албански фолклор.

OhridNews