
„Знаеме дека е протокол ама колку милиони денари од промет се губат на бул. „Туристичка“ со тоа што не може никој да застане ни е една мастика да купи. Не е лошо делегациите да се пренасочат на ул. „Железничка“ за да видат каков е таму патот“, вели еден наш сограѓанин во писмото упатено до нашата редакција.
Граѓаните бараат полиберален режим на сообраќај за време на големите политички настани, со што би се намалиле негативните ефекти кои најмногу ги чувствуваат сопствениците на бизниси на најпрометната сообраќајница во градот на која се наоѓа и зелениот пазар.












