Своите голгетерски способности македонскиот интернационалец Горан Пандев во дресот на Галатасарај ги покажува во националниот Куп.


Пандев беше двоен стрелец во триумфот 4-0 на неговата екипа над Манисаспор и со кој се на добар пат да изборат пласман во 1/2 финалето.


За поранешниот македонски репрезентативец ова беше седми погодок за турскиот гигант и сите ги реализираше во Купот.

Ohridnews